Напишано:
Прв пат објавено:
Извор: Кочо Рацин, „Проза и публицистика“, МАНУ, Скопје, 2024, Том II, 277-279 стр.
Техничка обработка: Златко Димитриоски, Здравко Савески
Онлајн верзија: април 2025
Болшевичката партија е еден нарочен тип политичка организација. Она не е просто партија на политички едномисленици, како што се грађанските и социјалдемократските партии. Она не е ни ограничена политичка група, какви групи се верските секти. „Болшевичката партија е врховна организација на работничката класа, нејзина борбена авангарда и нејзин водач“ (Ленин). Оттука иде и нејзиниот нарочен тип, различит од типот на другите партији.
У периодот на решителните класни збиванија, на отворени и директни револуционарни акции и подготовка за зимање на власта, пролетериатот се нуждее от една борбена и револуционарна партија, организирана и централизирана како секоја друга борбена единица. Натрешниот распоред на таква партија требе да биде исто боен, а дисциплината железна. Таква партија е болшевичката партија.
Природно е дека секој требе да стори извесни предусловија пред да му се отвори „железната врата“ на таја партија. Ете зошто „болшевичката партија не може да прибере повечку от еден дел на работничката класа, оти под условијата на капитализмот, класносвесните работници не се повечку от тој дел“ (Ленин). Но това требе убаво и правилно да се разбере, та от таква партија да не се направи некоја секта ели конспиративен еснаф.
Класната битка, револуционарната битка на пролетеријатот за куткање на буржоазијата и воспоставување на пролетерска власт, е како секоја друга битка. И она си има свои закони и водење на акција, своја стратегија и тактика, своја наука за победата на пролетеријатот. И као што секој битка ја раководи еден организатор и боен штаб, така и класната битка на пролетеријатот си има свој организатор и боен штаб; това е неговата болшевичка партија. И пролетеријатот има свои ударни и резервни сили, от чието правилно распоредуење исползуење зависи исходот на битката. Широките експлоатисани маси и пролетериатот водат секојдневни борби, пројавуат стихијна револуционарност, но само со ниф не можат да постигнат крајни постиженија. Но само класносвесната авангарда, болшевичката партија на пролетеријатот може да ги поврзе тије секојдневни со општите борби, и таја стихијна револуционарна со планска акција за куткање на буржоазијата и постижение на крајни успехи. Ете како партијата стануе организатор на пролетерската битка и го држи у своите раци нејзиниот боен штаб. Ако пролетеријатот и масите се претстават како бојна армија, партијата е нејзиниот организатор и командант. Масите се војници, а партијците офицери. Само така може да се води победоносна класна битка против буржоазијата, коа од своја страна претставуава организирана бојна армија, на чело со својот класен државен апарат. Таја организирана сила може да се кутне само со друга организирана сила. Иначе, организираната сила секој пат ја повасуе неорганизираната, стихијната акција на масите секој пат се свршуе безуспешно, штом на нифното чело не стои една свесна и железно организирана авагарда која ги раководи и политички гледа по-далеку от ниф. Таја авангарда е болшевичката партија.
Партијата требе да биде авангарда на работничката класа. Она требе да ги групира најарните елементи, страстнати со нејзиното искуство, со нејзиниот револуционарен дух, и безгранично предадени на делото на пролетеријатот. За да одговори на таја своја задача, партијата требе да се вооружа со револуционарна теорија, за да ги познае законите на движението, законите на револуцијата. Иначе, она не ке може да го поведе пролетеријатот и да ја раководи неговата битка... Партијата требе да оди на челото на работничката маса, да гледа по-далеку од неја. Оти она е политички шеф на пролетеријатот (Сталин).
Што значи сичко това?
Еве што: 1) Партијата е најелитниот, најреволуционарнијот и најверниот дел на работничката класа, организиран у бојна политичка единица, за да ја организира и води класната борба на пролетеријатот до крајната победа. Затова, партијата требе секој пат да стои над нивото на масите, кои требе да се уверат и убедат на дело дека партијата стои по-високо и гледа по-далеку от ниф, та да и дозволат да ги раководи. Иначе, пггом партијата се изедначи со масите, штом се изгуби у нифните редови престануе сета нејзина работа нејзиното бдение над масите. У сите по-важни политички, економски и др. собитија, кои ги интересујат масите, партијата требе да се осети со своиот политички став, со својата интервенција. Она не требе да чека спонтана акција на масите, па да влезе у дејство, ами таква требе да ја предвиди и поведе. За партијата нема никога пауза: има само смена на формите на работата, кои зависат од дадените условија и околности. Иначе, ако партијата се самозадоволуе само со активност меѓу своите членови; ако незнае да си направи и одржава тесни врски со масите; ако се зачаури у конспиративност и не умее да се пројави башка от конспиративноста – она се изродуе у една секта и не повеке. 2) Партијата требе да умее да ги предвиди и разбере политичките дога-аји, да не биде изненадена от ниф, ами да може веднага што по-правилно да се ориентира и прилагоди. Ете зошто е неопходно нејзините елементи да располагајат со партијното искуство и да ги познавајат „законите на движението, законите на револуцијата". Една вистинска болшевичка партија секој пат се одликуе со својата брза и правилна ориентација.