Напишано:
Прв пат објавено:
Извор: Кочо Рацин, „Проза и публицистика“, МАНУ, Скопје, 2024, Том II, 313-313 стр.
Техничка обработка: Златко Димитриоски, Здравко Савески
Онлајн верзија: април 2025
Нација – това е со прво, заедница, определена човечка заедница.
Оваја заедница ама не е нити расна нити племенска. Денешната италијанска нација, на пр., е образуена от римяни, германци, етрурци, грци, араби итд. Француската нација е образувана от гали, римјани, брити, германци итн. Това може да се каже и за англичаните, германците и за другите нации, кои се образувани от луђе но различни раси и племиња.
И така, нацијата не е расна нити племенска, а историјски образувана човечка заедница.
Од друга страна, без друго дека големите држави от старо не би могло да се наречат нации, при се што биле образувани исторически от повечку племиња и раси. Това не биле нации, ами случајно сврзани разнородни групи, кои се растурале и се соединуеле според успесите или неуспесите на тој или овој завоевател.
Затова, нацијата не е случајна и краткотрајна разнородна заедница, ами трајно установена човечка заедница.
Ама не и от секоа таква заедница стануе нација. Австроунгарската и Руската империа си беа у минало таквиа установени заедници, ама никој не ги наречуеше нации.
Со што се разликуе националната заедница од државната? Меѓу другото и со това, дека националната заедница не може да се замисли без еден општ јазик, додека за државната заедница еден општ јазик не е неопходен. Чешката нација во Австрија и полската во Русија не ке бидеа нации ако си немаја секоа за себе свој општ јазик, додека пак на целоста на Русија и Австроунгарија не ѝ пречеше оти натре у државата имаше сума разни јазици.
И така заедница на јазикот е еден од карактеристичните белези на нацијата.
Това, се разбира, не значи дека две различни нации секога и секаде говорат два различни јазици, ели пак сите ониа што говорат еден ист јазик бездруго прават една нација. Општ јазик за секоа нација, ама не и задолжително различни јазици за различни нации! Нема нација, коа едновремено говори различни јазици, но това уште не значи оти нема две нации што говорат еден исти јазик. Англичаните и северо-американците говорат на еден јазик и сепак не прават една нација. Исто може да се каже и за норвежанците и данците, за англичаните и ирците.
(...) Еднородната крв ги поврзуе членовите на нацијата у една национална заедница, и оттука (...)
Секој се осекавал мистично сврзан спрема нацијата благодарение на таја еднородна крв. Разбира се, това поврзуење не може да биде освен таинствено, мистично, и затова денеска има национална мистика.